Осум лица починаа од труење со хемикалии во центарот на тајландската престолнина Бангкок, пренесува БТА.
Несреќниот случај се случил синоќа, за време на ремонт во зградата на „Сиам комершал бенк“, кога некој ненамерно активирал системи за хемиско гаснење. Ослободувањето на аеросолите го намалило кислородот во просториите. што довело до несреќниот случај.
Банката соопшти дека остатокот од зградата на бил зафатен.