Бан жали поради непродолжувањето на примирјето во Јемен

Од:

Генералниот секретар на Обединети нации Бан ки-мун изрази жалење поради непродолжувањето на хуманитарниот прекин на огнот во Јемен.

Воздушните напади на коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, против шиитските бунтовници во Јемен повторно започнаа по завршувањето на прекинот на огнот, изјавија јеменски безбедносни претставници и очевидци.

По петдневниот хуманитарен прекин на огнот, коалицијата веднаш извршила напад врз бунтовнички позиции и тенкови во градот Аден.

Мета на нападите биле претседателската палата во Аден, која е под контрола на бунтовниците, како и база на специјалните сили која ги поддржува бунтовниците.

Бомбардирањето продолжи и покрај апелите на амбасадорот на ОН во Јемен, Улд Чеих Ахмед да продолжи хуманитарниот прекин на огнот.

Примирјето, иницирано од Саудиска Арабија, беше со цел да им се достави помош на цивилите.

Според податоци на ОН во конфликтите во Јемен од 19 март убиени се над 1.400 луѓе, меѓу кои и цивили.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа