Бан со апел за запирање на тензиите на Корејскиот полуостров

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки мун ги повика денеска Северна и Јужна Кореја на дијалог и да ја запрат ескалацијата на тензиите на поделениот полуостров.

Портпарол на генералниот секретар соопшти дека Бан апелирал до двете страни да се воздржат од преземање понатамошни мерки кои би ги засилиле тензиите.

Бан наведува дека е длабоко загрижен поради ситуацијата на Корејскиот полуостров и повика на дијалог.

Претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун-хје нареди армијата да биде подготвена за остри одговори во случај на нови провокации од северниот сосед.

До заострување на состојбата дојде вчера по размена на артилериски оган меѓу двете Кореи во западниот дел од демилитаризираната зона.

Би можело да ве интересира

In memoriam aкадемик Стефан Воденичаров, поранешен претседател на БАН

Ана Ололовска

Совет за македонски јазик: Изданието на БАН е најобичен памфлет со низок стил

Ана Ололовска

С. Македонија ќе реагира на ставот на БАН, Договорот со Бугарија е потпишан на македонски и бугарски јазик

Ана Ололовска

Таки Фити: Ставот БАН за македонскиот јазик не го поддржуваат сите бугарски академици

Ана Ололовска

Заев: Очекувам Бугарија да го надмине и реши прашањето за македонскиот јазик

Кристијан Ландов

Институт за македонска литература: Со ставот на БАН се негира македонскиот национален идентитет

Ана Ололовска