In memoriam aкадемик Стефан Воденичаров, поранешен претседател на БАН

Од:

Академик Стефан Воденичаров, претседател на Бугарската академија на науките во периодот 2012-2016 година и член надвор од работниот состав на Македонската академија на науките и уметностите, почина вчера на 8 јуни 2020 година

Како што соопшти МАНУ, академик Воденичаров (1 септември 1944 – 8 јуни 2020 година), во својство на претседател на БАН дојде на првата официјална средба во МАНУ на 19 април 2013 година заради постигнување договор за соработка меѓу двете академии, што резултираше со бројни континуирани средби на раководствата на академиите, научни конференции и започнување со работа на 33 заеднички научно-истражувачки и уметнички проекти. Основите за проектната соработка се поставени со Договорот за соработка, склучен во Сандански на 5 и 6 октомври 2013 година, на средба на академиците од двете академии.

Проектната програма опфаќа повеќе значајни теми од областа на историјата, историјата на уметноста, јазикот, правото и реформите на државите, евроатлантските интеграции, медицината, техниката, информатиката и други научни области. Континуираната активност на проектните тимови, следена со периодични заеднички состаноци на академиите, посочуваат од МАНУ, резултира до денес со десетици објавени книги, студии и статии, не само на двата јазици- македонскиот и бугарскиот, туку и во странски списанија на други јазици.

Одржани се и повеќе научни конференции и други научни средби, промоции на преводи на книжевни дела, изложби и други собири.

-Сите тие активности дадоа огромен придонес за развивање на дух на пријателство, разбирање и соработка меѓу академиите и македонските и бугарските научници. Како признание за неговиот придонес во развојот на заемната соработка, академик Воденичаров беше избран за член на МАНУ надвор од работниот состав во 2015 година, наведуваат од МАНУ.

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“

Ана Ололовска

Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ

Ана Ололовска