Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун се надева втората мировна конференција за Сирија да се одржи во октомври иако призна дека има многу работа додека се стигне до таква средба.
Во интервју за Франс 24, Бан рече дека разговарал вчера со меѓунардониот пратеник Лахдар Брахими и дека целта е конференцијата наречена Женева-2 да се одржи во октомври.
Тој рече дека допрва треба да се анализираат детали за евентуална конференција вклучително и дали на неа треба да учествува Иран кој е сојузник на Сирија и кој да ја претставува сириската опозиција.
Шефот на ОН додаде дека дели скептицизам на многу држави кои не веруваат на декларацијата на сириската Влада дека се подготвени да го стават хемиското оружје под меѓународна контрола.