Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун упати синоќа повик ди меѓународната заедница да ја подели одговорноста за прифаќање на бегалците, откако во Средоземното Море се случи бродолом, со 700 имигранти на бродот.
Бан изјави дека е загрижен и мошне тажен поради информациите за потонување на бродот ноќта саботата спроти неделата во близина на Либискиот брег.
Тој повика за солидарност не меѓународната заедница и за споделување на тежината на оваа криза.
Италијанската крајбрежна стража не потврди дека бројот на бегалците изнесувал 700, но истакна дека 20-метарскиот рибарски брод можел да превезе неколку стотици лица.