Бан побара од Унгарија да ги почитува човековите права на имигрантите

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун побара денеска од Унгарија да ги почитува човековите права на бегалците, иако наведе дека ги разбира проблемите кои настанаа во последните денови со приливот на десетици илјади луѓе во земјата, јави Танјуг.

Бан во Њујорк се сретна со претседателот на Унгарија Јанош Адер на маргините на самитот на ОН за развој, се наведува во соопштение на светската организација.

Бан наведе дека ги „разбира предизвиците со кои се соочува Унгарија“, но и ја истакна “важноста на почитување на достоинството и човековите права“.

Земјите-членки на ЕУ ја обвинуваат Унгарија дека на несоодветен начин го решава големиот прилив на бегалци кои доаѓаат од Србија и минуваат низ Унгарија на пат кон Западна Европа.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Будимпешта не сака огромно количество оружје во своето соседство

Орбан: Унгарија од самиот почеток беше на страната на мирот

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија