Бан Ки-мун: Во име на хуманоста, запрете го насилството во Сирија

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ги повика сите учесници во граѓанската војна во Сирија во име на хуманоста да ги запрат борбите, пренесоа светските агенции.

– Ги повикувам сите страни и особено сириската влада да ги запрат убиствата. Во име на хуманоста, запрете ги убиствата, запрете го насилството, изјави Бан во говорот на донаторската конференција во Кувајт.

Претставници од над 60 земји учествуваат на средбата, вклучувајќи ги и клучните сојузници на сирискиот претседател Башар Асад, Русија и Иран. Нејзина цел е да ја собере ветената помош од милијарда долари за соседните држави на Сирија, кои имаат примено 700.000 регистрирани бегалци, и уште 500 милиони долари за хуманитарна помош за четирите милиони Сиријци во самата Сирија.

Претставници на ОН изјавија дека до моментов е собрана само дел од неопходната сума, иако меѓународните ветувања за помош нараснаа непосредно пред кувајтската конференција.

ЕУ и САД вчера ветија вкупно 400 милиони долари. Се очекуваат и ветувања за значителна помош од земјите во Заливот. Емирот на Кувајт вети 300 милиони долари  помош за хуманитарните напори за милионите Сиријци кои страдаат од конфликтот што избувна пред 22 месеци. Истата сума од 300 милиони долари ја ветија и Обединетите Арапски Емирати.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија