Македонија според Фридом Хаус, е во групата земји каде слободата на медиумите бележи надолен тренд и во таа сфера е во категоријата на делумно слободни земји.
Според извештајот на„Фридом хаус“, презентиран деновиве во Вашингтон, Македонија во однос на слободата на медиумите назадуваше за 22 места и се наоѓа на 116 место во светот. Лани нашата држава беше рангирана на 94 место и е во групата на „делумно слободни земји“, заедно со Турција, Конго, Фиџи, Либерија и Сејшели.
„Безбедно е да зборуваш: да се обезбеди слободата на изразување во сите медиуми”, под ова мото се одбележа Светскиот ден за слобода на медиумите. Македонија,
„Слободата на изразување како основно човеково право обезбедува услови за заштита и промоција на сите останати човекови права, но тоа не се случува по автоматизам, туку бара безбедна средина за дијалог каде сите ќе може да зборуваат слободно и отворено без страв од репресија“, стои, во заедничката порака на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун и генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова.
Во Македонија дијалогот Влада – медиуми е прекинат поради инцидентот во Собранието, кога новинарите беа исфрлени од собраниската галерија.
Освен жалење од државниот врв се уште ништо не е преземено, ниту пак некој одговараше за овој инцидент.