Бан Ки Мун се надева на договор

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун им дава поддршка на американско-руските разговори и очекува дека ќе донесат решение.

Бан се надева на договор, во како што рече поделениот Совет за безбедност во поглед на обезбедување и уништување на хемиското оружје во Сирија.

Помошник портпаролот на ОН, Фархан Хак изјави дека Бан, верува дека од клучна важност за членките на Советот е да преземат акција за спречување на употребата на хемиското оружје и да се обидат да најдат решение за сирискиот конфликт, пренесе „Асошиејтед прес“.

Хак соопшти дека пратеникот на ОН и Арапската лига за Сирија, Лахдар Барахими, во Женева ќе им биде на располагање, за разговори на американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години