Бан Ки-мун предупреди на опасност од верска војна во Сирија

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун денеска во Виена на отворањето на Петиот глобален форум на Алијансата на цивилизациите на ОН (УНАОЦ) предупреди на опасност од верска војна во Сирија.

Тој истакна дека Сирија е интересен мозаик од племиња, јазици и религии и дека е загрижен поради верското и етничко насилство.

Бан изрази загриженост и поради војната во Мали и судирите на Блискиот Исток и ги повика Израелците и Палестинците да ги обноват преговорите, укажувајќи дека секој изгубен ден води се подалеку од посакуваното решение.

Претседателот на Генералното собрание на ОН Вук Јеремиќ, претходно повика за итен прекин на крвопролевањето во Сирија. Тој изјави дека поширокиот регион на Блискиот Исток во 21. век претставува главен предизвик за безбедноста и благосостојбата на целата планета, посебно нагласувајќи ги судирите во Сирија и положбата на палестинскиот народ.

– Начинот на кој се пристапува кон овие прашања, значајно ќе влијае врз правецот на дијалогот меѓу цивилизациите, нагласи Јеремиќ.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија