Бан Ки-мун најостро го осуди убиството на мировниците во Дарфур

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун најостро го осуди убиството на седум припадници на мировните сили во регионот на Дарфур на западот на Судан и ги повика суданските власти итно да ги казнат извршителите, соопшти неговиот портпарол Мартин Несирски.

Седум мировници од Танзанија, меѓу кои и две жени, беа убиени од заседа од екстремисти, додека биле во патрола кај градот Манаваши.

– Генералниот секретар е шокиран поради смртоносниот напад врз мировниците во Дарфур, рече Несирски и додаде дека Бан упатил „искрено сочувство“ на семејствата на настраданите и на Владата на Танзанија.

Бан исто така побара од суданските власти да ги пронајдат и казнат извршителите на убиството.

Мисијата УНАМИД во Дарфур има околу 19.500 припадници.

Би можело да ве интересира

Најмалку 20 лица загинаа во авионска несреќа во Судан

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа