Бан Ки-мун и САД со осуда за лансирањето ракета од Северна Кореја

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска остро го осуди лансирањето на ракета од Северна Кореја и изрази загриженост дека тоа може негативно да се одрази на перспективите за мир и безбедност во регионот.

– Генералниот секретар го осудува лансирањето на ракета, објавено од Корејската народно-демократска република, изјави портпаролот на Бан Ки-мун, Мартин Несирки.

Во соопштението се наведува дека тоа е грубо кршење на резолуцијата 1874 на Советот за безбедност, според која Советот инсистира КНДР да не врши истрелување на ракети, користејќи балистички технологии.

Дипломати од СБ на ОН изјавија дека 15-члениот орган ќе го расправа лансирањето на севернокорејската ракета денеска на редовна седница.

Белата куќа, исто така, го осуди лансирањето на ракета од Северна Кореја оценувајќи го како „крајно провокативен акт“, што е во спротивност на резолуциите на ОН.

– САД остануваат будни пред лицето на севернокорејските провокации и целосно посветени кон безбедноста на нашите сојузници во регионот, изјави портпаролот на Белата куќа Томи Вајтер.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски