Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го поздрави прекинот на огнот во Појасот Газа, предупредувајќи ги Израел и палестинските милитанти дека секое нарушување на примирјето ќе биде крајно неодговорно.
– Генералниот секретар ја поздравува најавата за неограничен прекин на огнот во Газа, во посредство на Египет. Светлата иднина за Појасот Газа и Израел зависи од одржливиот прекин на огнот, изјави портпаролот на ОН.
Според него Бан верува дека „мировните напор мора да стигнат до коренот на спорот, со цел да се избегнат идни насилства“.