Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го повика пакистанскиот лидер Наваз Шариф да го суспендира егзекутирањето на осуденици и повторно да воведе мораториум за смртна казна.
Портпаролот на ОН Стефан Дижарик изјави дека Бан упатил апел во телефонски разговор со премиерот на Пакистан. Бан ги поздрави добиените гаранции од пакистанскиот премиер дека сите легални норми ќе бидат почитувани.
Премиерот Наваз Шариф најави формирање на воени судови за случаи врзани со тероризам, со цел да се забрза судењето и го укина седумгодишниот мораториум за смртна казана, повторно воведувајќи егзекуција за случаи поврзани со тероризам.
Според пакистански службени претставници во следните неколку недели е планирано егзекутирање на околу 500 милитантни активисти.