Советот за безбедност на ОН најжестоко ги осуди судирите на Голан, во пограничниот појас меѓу Сирија и Израел, како и ранувањето и загрозувањето на животот на припадниците на тамошната мировна мисија УНДОРФ, пренесе агенцијата Анадолија.
Од Советот апелираа до сите страни да им дадат поддршка на припадниците на мисијата УНДОРФ во обезбедувањето на мирот и стабилноста на оваа погранична зона и под итно да прекинат судирите, без разлика кој ги води, бидејќи истите претставуваат закана за животите на тамошното цивилно населние.
Исто така, СБ ја истакна и големата загриженост за се поголемите закани за животите на припадниците на меѓународните сили задолжени за зачувување на мирот во регионот. Покрај благодарницата до земјите чии војници служат во мисијата УНДОРФ, од Советот за безбедност е соопштено дека ОН ќе продолжи да им дава безусловна поддршка.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, исто така, ги осуди судирите на Голан и истакна дека истите претставуваат закана за прекинот на примирјето меѓу Сирија и Израел.
Нагласувајќи дека жали заради информациите дека Австрија ги повлекува своите војници од УНДОРФ, Бан ги повика сите членки на ОН да ја поддржат оваа мисија, бидејќи таа е клучна за спречување на пренесувањето на сириската криза надвор од границите на оваа земја.
Порпаролот на секретаријатот на ОН, Мартин Несирки, во изјава за медиумите, кажа дека во составот на УНДОРФ и натаму се наоѓаат 911 војници и тоа 377 од Австрија, која најави нивно повлекување, потоа 341 од Филипини, како и 193 војници од Индија.
Австрија, по усвојувањето на одлуката на Европската унија за укинување на ембаргото на увоз на оружје во Сирија, ја изрази својата загриженостс за мирот во сириско-израелскиот пограничен појас и донесе одлука за повлекување на своите војници од ова подрачје.