Бан Ки Мун бара големите сили да ги надминат несогласувањата за Сирија

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун побара големите сили да ги надминат несогласувањата по повод војната во Сирија, додека Советот за безбедност на ОН разговара за резолуцијата за контрола на сириското хемиско оружје.

Бан се сретна со министрите за надворешна работа на САД, Русија, Кина, Британија и Франција, претставниците на членките на Советот, за да им ја пренесе пораката за Сирија.

Тој наведе дека Советот треба да преземе чекори поради користење хемиско оружје во сириските судири и да изврши притисок , во Женева да се одржи мировна конференција во таа држава.

Западните држави сакаат резолуцијата на Советот да се закани со можни санкции доколку Асад не го одржи ветувањето за контрола и уништување на хемиското оружје, додека Русија, клучниот сојузник на Сирија, е против секаков вид закана и преземање акции против Асад. Русија и Кина минатите 18 месеци три пати ставија вето на резолуцијата.

Бан Ки Мун вчера во седишето на ОН ги повика светските лидери да престане крвопроливањето во Сирија и двете страни да седнат на преговарачка маса, за да се реши кризата во државата,

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години