Бан Ки Мун: Асад направи големи злосторства

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, изјави дека во извештајот на експертите на ОН кој што треба да биде објавен идната недела, најверојатно ќе се потврди дека во нападот во Дамаск е употребено хемиско оружје.

Тој на состанокот во ОН рече дека извештајот ќе покаже дека е користено хемиското оружје, но дека официјално не може да потврди се додека не го добие документот, пренесе „Ројтерс“.

Се работи за извештај на експерти од ОН, на чие чело е шведскиот експерт Аке Селстром, потсетува британската агенција.

Тој во изјавите не го обвинува режимот на Асад, но рече дека сирискиот лидер направил голем број злосторства против човештвото.

Според него пред лицето на правдата мора да излезат виновниците за војната во Сирија, но дури кога таа ќе заврши.

Генералниот секретар на ОН ја изнесе проценката на ОН дека 1.400 лица се убиени во текот на нападот со хемиско оружје во Дамаск.

Шефот на истражувачкиот тим на ОН, Селстро во понеделник би требало на Бан да му го предаде извештајот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ