Бан: Инспекторите во Сирија се соочуваат со опасност без преседан

Од:

Групата од околу сто експерти ќе мораат да останат во Сирија една година за да го надгледуваат уништувањето на хемиското оружје во рамките на мисијата која е опасна без преседан, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

Тој во извештајот за Советот за безбедност на ОН наведува дека инспекторите, како и цивилите се во опасност од 1.000 тони хемиски супстанци од сирискиот арсенал.

– Тоа оружје е опасно за ракување, транспорт и опасно за уништување. Моите два приоритети се: уништување на сириското хемиско оружје и безбедноста на членовите на мисијата, кои доброволно се пријавија за извршување на таа важна, но опасна задача, посочи Бан.

Меѓународните експерти во Сирија во првиот ден од кампањата за отстранување на сирисиот хемиски арсенал ги уништија боевите глави, хемиските бомби и опремата за мешање и полнење.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години