Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази стравување дека евентуалното „воено решение“ на кризата во Сирија ќе доведе до распаѓање на земјата.
Во своето обраќање пред учесниците на конференцијата посветена на 10. годишнината од нападот врз мисијата на ОН во Багдад, Бан истакна, дека ќе продолжи да инсистира на тоа Сиријците да најдат пат до масата за преговори.
Спроед него ужасот во изминатите месеци не остава никаков сомнеж дека военото решение на кризата во Сирија ќе доведе до распад на земјата.
Бан нагласи дека сириската Влада и опозицијата имаат многу мал прозорец на можности за пристапување кон преговори.
Утре Бан Ки-мун ќе се сретне со специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија Лахдар Брахими, со кого ќе разговара за сите аспекти на сириската криза.