Балтичките држави се вооружуваат вознемирени од тропотот на руските чизми на своите граници

Од:

Мешањето на Русија во Украина исфрли со рикошет цел водопад од воени расходи во балтичките држави – кои половина век поминаа под советска окпуација и сега се плашат од територијалните амбиции на Москва.

Стравовите на Литванците, Летонците и Естонците се засилија од дејствијата на Русија крај нивните граници. Руски воени авиони секој ден прелетуваат во нивна близина. Во текот на викендот на 6 и 7 декември, авиони на НАТО повеќе пати полетаа за да „придружат“ руски бомбардери со исклучени транспондери (апарати со кои авионите контактираат со контролните кули).

На 8 декември, Литванија ги постави своите војски во зголемена готовност откако во Балтичкото Море беше забележана група од 22 руски воени бродови, меѓу кои и тешко вооружена корвета, на пет километри од своите територијални води.

А во четвтокот, полскиот министер за одбрана Томаш Шемонијак изјави дека е „растревожен“ од „невидено“ воено раздвижување на Русија над Батичкото море во изминатите денови.

Според извори од НАТО, во понеделникот над 30 руски апарати од различен вид – бомбардери, ловци и транспортни авиони, биле забележани „над Балтичкото Море и крај бреговите на Норвешка“.

Во меѓувреме, Шведска во четвртокот објави дека ќе мобилизира резервисти за воени вежби – посебно заради „превооружувањето на Русија“, како што напомена министерот за одбрана на оваа земја.

„Да се одбие првиот напад“

Дејствувајќи самостојно, балтичките сили природно не би имале никакви шанси против руската воена машинерија. Според литванскиот аналитичар Александрас Матонис, всушност тие ќе треба да го одбијат првиот напад и така да демонстрираат воља за спротивставување, додека во помош да дојде атланската „коњаница“.

– При најлошото сценарио и во случај на агресија врз балтичките држави, во сила ќе стапат натовските планови за одбрана, но ќе биде потребно време за одговор додека сојузниците реагираат. Некои држави ќе треба да го пресретнат и одбијат првиот бран напади со сопствените средства за одбрана, објаснува тој.

Трите држави – Естонија, Летонија и Литванија купија значителни количества воена техника и муниција, и ги зголемија своите воени буџети откако Москва го анектираше Крим и даваше поддршка на сепаратистичките бунтовници во источна Украина.

– Безбедноста уште доста време ќе остане на сегашното ниво. Тоа не е само краткотрајно влошување на времето, туку вистински климатски промени, истакна шефот на естонската влада, Таави Ријвас.

По воспоставувањето на својата независност во 1991 година, балтичките држави во 2004 година се приклучија кон Нато и во ЕУ.

– Присуството на НАТО во балтичкиот регион треба да продолжи да биде засилено, рече Ријвас за време на посетата на САД, каде подетално разговараше за изгледите за нови договори за купување оружје.

Шест тенка „леопард“

Естонскиот министер за одбрана, Свен Миксер, на 9 декември со Холандија го случи најголемиот воен договор во историјата на својата земја – тие купија 44 оклопни ЦВ90, и шест тенка „леопард“ во вредност од 138 милиони евра.

Еден месец претходно, тие од САД купија 40 ракетни системи „стингер“ земја воздух, за 40 милиони евра.

Летонската влада во текот на август купи 123 оклопни возила од Велика Британија. Минатиот месец со Норвешка го потпишаа со договорот за купување на 800 пртивтенковски системи „Карл-Густав“ и 100 камиони.

Литванија порача од соседна Полска систем за притиввоздушна одбрана „гром“ за 34 милиони евра, и побара од САД да купи ракети „џавелин“ за 20 милиони.

Така за половина година трите мали држави со вкупно нешто над шест милиони население, потрошиле 300 милиони евра за воена техника и оружје.

Според летонскиот експерт Кристина Рудзите-Стејскала, Естонија – една од малкуте членки на НАТО која го исполнила барањето на алијансата за воени расходи во размер од 2 проценти од БДП – планира истите да ги подигне на 2,5 проценти. Вилнус и Рига едвај достигнаа 0,89 и 0,91 проценти, но планираат за 2015 година да достигнат до 1,1 и 1 проценти.

При сето тоа, воените расходи на балтиците – вкупно 1,2 милијарди долари во текот на 2014 година, изгледаат како ништожна сума во споредба со 60-те милијарди долари кои ги изарчи Русија (или 3,4 проценти од федералниот БДП).

Телеграф – Лондон

 

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица