Баку ја критикува Пелоси поради нејзините забелешки по однос азербејџанско-еременскиот конфликт

Од:

Азербејџан ги критикуваше изјавите што претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, ги даде во врска со пограничните конфликти со Ерменија при нејзината посета на Ереван.

Според Баку, забелешките на Пелоси дека Азербејџан извршил „неосновано и неоправдано“ посегнување посегнување по ерменскиот суверенитет, нанеле сериозен удар врз мировните преговори со Ереван.

„Неоснованите и неправедните обвинувања на Пелоси против Азербејџан се неприфатливи“, соопшти азербејџанското Министерство за надворешни работи притоа посочувајќи ја претседателката на Конгресот на САД како „проерменски политичар“.

„Ова е сериозен удар за напорите за нормализирање на односите меѓу Ерменија и Азербејџан“, се вели во соопштението на Министерството.

Азербејџан нагласи дека неодамнешните оружени судири биле последица на „воена провокација од големи размери” од страна на Ерменија, што Ереван го негира.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објавено видео од нападот на сопругот на Ненси Пелоси

Горан Наумовски

Напаѓачот на сопругот на Пелоси имал и други цели, меѓу кои и синот на Бајден, Том Хенкс…

Горан Наумовски

Тензично на границата меѓу Азербејџан и Ерменија: Баку тврди дека силите на Ереван ја гранатирале нивната војска

А1он

Напаѓачот сакал на Ненси Пелоси да ѝ ги скрши колената со чекан

Бајден за нападот на Пол Пелоси: Вистинската цел беше Ненси

А1он

Напаѓачот на сопругот на Ненси Пелоси ќе одговара за обид за убиство и серија други кривични дела

Ана Ололовска