Баку: Ерменската армија се евакуира од Степанакерт

Од:

Министерството за одбрана на Азербејџан тврди дека ерменската армија се евакуира од главниот град на непризнатата република Нагорно Карабах, Степанакерт.

– Припадници на ерменските вооружени сили, со големи загуби во нападот на азербејџанската армија врз Ханкенди (Степанакерт), се евакуираат. Голем број војници беа убиени и ранети во артилериски напад врз една од единиците во Ханкендиџ, се вели во соопштението.

Се додава дека од утрово се воделе жестоки битки долж линијата на фронтот во кои азербејџанската армија нападнала важни правци и ја ограничила слободата на движење на противниците.

Ерменската министерка за одбрана Шушан Степанијан претходно денеска напиша дека тензиите во регионот Нагорно Карабах сè уште се многу високи.

– Ситуацијата на линијата на раздвојување со Азербејџан остана затегната. Операциите и тактичките операции не се променети. Судирите продолжија во некои сектори на фронтот, имаше размена на артилериски оган, напиша таа на својата страница на Фејсбук.

Министерката додаде дека имало и напади врз населени места.

– Одбраната на Нагоро-Карабах има целосна контрола врз операциите и тактичките ситуации и е подготвена за секое сценарио, рече Степанијан.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска