Бајден воведува нови големи санкции против Русија

Од:

Соединетите држави денеска воведуваат нови санкции против Русија во обид да ја одбележат втората годишнина од руската инвазија на Украина, изјави за Ројтерс заменик-секретарот за финансии на САД, Воли Адејемо. Адејемо изјави дека оваа акција ќе таргетира 500 цели, односно цели кои треба да бидат предмет на санкции.

„Акцијата, преземена во партнерство со други земји, ќе ги таргетира руските воено-индустриски комплекси и компании во трети земји кои го олеснуваат пристапот на Русија до стоките што ги сака“, рече Адејемо. Се вели дека Вашингтон се обидува да ја повика Русија на одговорност за војната и смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални. „Утре ќе воведеме стотици санкции само овде во Соединетите Држави, но важно е да се запамети дека не е само Америка таа што презема акција“, рече Адејемо.

Споменатиот пакет ќе биде последен во серијата санкции против Москва објавени од Соединетите Држави и нејзините сојузници по руската инвазија на Украина во 2022 година, во која беа убиени десетици илјади луѓе и уништени многу градови. Новите санкции доаѓаат во време кога САД и нивните сојузници сакаат да го задржат притисокот врз Русија, и покрај сомнежите дали американскиот Конгрес ќе одобри дополнителна помош за Киев.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден ги исцрпи парите претходно одобрени за Украина, а барањето за дополнителни средства „стои“ во Претставничкиот дом под контрола на републиканците. „Санкциите и контролата на извозот имаат за цел да ја забават Русија, со што ќе им биде потешко да водат војна по нивна желба во Украина“, рече Адејемо, додавајќи дека Конгресот треба да дејствува за да и ги даде на Украина потребните ресурси.

Експертите, сепак, предупредија дека санкциите не се доволни за да се запрат нападите на Москва. Руската економија е пет отсто помала од претходно предвиденото, изјави главниот економист за санкции Рејчел Лингаас на веб-страницата на американското Министерство за финансии.

Сепак, руската економија работи над очекувањата, при што Меѓународниот монетарен фонд во јануари прогнозираше раст на БДП од 2,6 отсто за 2024 година, што е зголемување за 1,5 процентни поени во однос на проценката од октомври.

Од друга страна, портпаролката на ММФ, Џули Козак, во четвртокот рече дека е јасно дека Русија сега е во воена економија, со воени трошоци кои го поттикнуваат производството на оружје, владините социјални трансфери ја поддржуваат потрошувачката и растечката инфлација.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски