Бајден утре имал работа, го „откачи“ Путин за дуелот во живо

Од:

Белата куќа засега не знае дали претседателот Џо Бајден може во најскоро време да разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Путин денеска го повика Бајден на дуел во живо кој би се одржал преку интернет, на 19 или на 22 март.

Тој утре е зафатен, изјави денеска Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа.

– Претседателот веќе имаше разговор со претседателот Путин, немам што друго да ви соопштам, ако зборуваме за идни разговори, претседателот утре е во Џорџија и ќе биде многу зафатен, изјави Псаки на денешниот прес-брифинг.

Завчера, на прашање од новинар за време на интервју за телевизијата Еј-Би-Си дали тој смета дека Путин е убиец, Бајден одговори потврдно и се закани дека „тој ќе плати висока цена“ за поткопувањето на изборниот процес во САД.

Путин излезе со повеќе конкретни изјави во врска со директната квалификација од страна на Бајден, не покажувајќи слабост да возврати и денеска го повика неговиот американски колега на виртуелен дуел.

Би можело да ве интересира

Порака на Трамп до Русија: „Ако не се договориме, ќе воведам санкции“

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

ВИДЕО: Путин и Си Џинпинг разговараа неколку часа по инагурацијата на Трамп

Катерина Ѓуровски

Трамп ќе му каже на Путин да ја прекине војната, ако одбие, имаме план – открива неговиот тим

Катерина Ѓуровски

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство