Бајден: Убиството на Флојд – пресвртница во американската историја

Од:

Кандидатот за претседател на демократите во САД, Џо Бајден изјави дека убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, од страна на бел полицаец, ќе го смени светот.

– Мислам дека она што тука се случи е една од најголемите пресвртници во американската историја, реално, во однос на граѓанските слободи, граѓанските права и праведен третман на луѓето, рече Бајден по приватната средба со семејството на Флојд во Хјустон, Тексас, каде изрази сочувство, пренесува Би Би Си.

Бајден остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп, кој се кандидира за втор претседателски мандат, обвинувајќи го дека во текот на викендот давал „очајни“ шпекулативни коментари за Флојд.

Приватниот погреб на Џорџ Флојд ќе биде во Хјустон, подоцна во текот на денот.

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Бајден: Американците ќе бидат дел од првата фаза од ослободувањето на заложниците

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Зеленски: Зборував со Бајден за поддршката на САД за Украина

Бајден ја осуди одлуката на Мета да стави крај на програмата за проверка на факти