Бајден: Трамп е вистинска опасност за безбедноста на Америка

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден во интервју изјави дека неговиот претходник во Белата куќа, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, е „реална опасност за безбедноста на Америка“ доколку биде избран на 5 ноември.

„Слушајте ме внимателно. Ако победи на овие избори, гледајте што ќе се случи. Тоа е опасно. Тој е вистинска опасност за безбедноста на Америка“, изјави Бајден за CBS.

Бајден се повлече од претседателската трка и го отстапи местото на својата потпретседателка Камала Харис.

„Ние сме на пресвртница. Навистина сме на пресврт… и демократијата е клучен елемент“, додаде Бајден во разговорот снимен пред неколку дена во Белата куќа.

Тогаш изгледаше подобро отколку на дебатата на CNN со Трамп на 27 јуни.

„За време на таа дебата имав навистина, навистина лош ден бидејќи бев болен, но немам никакви сериозни здравствени проблеми“, изјави тој на новинарот на Си-Би-Ес на прашањето за тоа.

Три недели по неговиот катастрофален настап во дебатата, Бајден на 21 јули објави дека се повлекува од изборната трка.

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва