Бајден со честитки за Велигден до православните христијани

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден, oд патување во северозападниот дел на САД испрати честитки за Велигден до православните христијани, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

-Заедно со Џил испраќаме топли поздрави до сите наши пријатели од православната заедница кои денеска го слават Велигден, напиша тој на Твитер.

-Се радуваме со вас по повод Воскресението на Исус Христос и триумфот на светлината над темнината. Нека мирот на Христос биде со вас денеска и засекогаш, порача Бајден.

Претседателот викендов беше на митинзи во државите од северозападниот, тихоокеански дел на САД.

Oд Портленд, Орегон и Сиетл, Вашингтон, тoj соопшти за нови социјални планови за намалување на трошоците на американските семејства, справување со климатските промени, изградба и обнова на инфраструктура на САД и зајакнување на сојузното земјиште за поголема отпорност од шумски пожари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски