Американскиот претседател Џо Бајден ќе отпатува во Брисел следната недела за да се сретне со лидерите на НАТО алијансата и на Европската комисија.
Прес секретарот на Белата куќа Џен Псаки ги објави плановите за патување на денешниот брифинг со новинарите.
Таа рече дека американскиот претседател ќе присуствува на самитот на НАТО на 24 март за да разговара за тековните напори за одвраќање и одбрана поврзани со руската инвазија и да ја потврди „железната посветеност“ на САД кон Алијансата.
– Очекувам дека ќе сподели повеќе од тие детали во следните 24 часа.
Бајден, исто така, ќе се приклучи на претходно закажаниот самит на Советот на ЕУ на кој ќе се разговара за Украина, вклучително и напорите за казнување на Русија и обезбедување хуманитарна поддршка за Украина, додаде таа.
„Во овие времиња на тестирање, нашата трансатлантска акција е поважна од кога било“, објави шефот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во твит.
„Ќе се фокусираме на руската инвазија врз Украина, нашата силна поддршка за Украина и дополнително ќе ги зајакнеме одвраќањето и одбраната на НАТО“, напиша на Твитер генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Во ова критично време, Северна Америка и Европа мора да продолжат да стојат заедно“, додаде тој.
Извор: МИА