Бајден сè уште верува дека може да го победи Трамп на претседателските избори во ноември

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека се уште може да го победи републиканскиот кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп на претседателските избори во ноември.

Додека се качуваше во претседателскиот авион на пат кон митинг во Висконсин, Бајден беше прашан дали може да го победи својот ривал, на што тој одговори потврдно, пренесе Ројтерс.

Следните, 60-ти претседателски избори во Соединетите Американски Држави се закажани за 5 ноември 2024 година.

Во август и септември треба да се одржат партиски конгреси на кои официјално ќе биде одобрен по еден кандидат од секоја партија.

Следната дебата Бајден-Трамп ќе се одржи на 10 септември.

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва