Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Од:

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп.

Во своето прво пост-изборно интервју за Ен Би Си, Бајден зборуваше за трансферот на власта и за другите прашања со кои ќе се соочи за време на неговиот мандат.

Со оглед на тоа што администрацијата на сегашниот претседател Доналд Трамп го иницираше процесот на трансфер на власта и на некој начин го призна поразот на изборите, Бајден посочи дека неговиот тим се обидува да го информира новиот американски претседател за сите настани.

– Администрацијата веќе почнува да ги подготвува дневните извештаи што ќе ги добивам како претседател. Исто така, организираме состанок со тимот во Белата куќа за борба против Ковид за да договориме условите за дистрибуција на вакцината, која треба да им биде достапна на сите луѓе, рече Бајден.

Тој се осврна на гласините дека неговата администрација ќе се однесува како онаа на Барак Обама.

– Се соочуваме со сосема поинаков свет од тој во администрацијата на Обама. Претседателот Трамп целосно го смени ликот на државата и ќе мора да го смениме тоа, рече Бајден.

Би можело да ве интересира

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД