Бајден се откажа од претседателската трка

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден се откажа од претседателската трка.

Во изјавата споделена на социјалната мрежа Х, американскиот претседател рече дека „во најдобар интерес на мојата партија е да се повлечам и да се фокусирам исклучиво на исполнување на моите должности како претседател до крајот на мојот мандат“, напиша Бајден.

Истовремено, тој истакна дека ќе остане на чело на државата до крајот на мандатот.

Соопштението доаѓа четири месеци пред Американците да излезат на гласање, одлука која сега драматично ја менува трката за Белата куќа. Се претпоставува дека одлуката на Бајден дојде по неколку неделен интензивен притисок во Демократската партија по слабите перформанси во дебатата против републиканецот Доналд Трамп кон крајот на јуни и неодамнешното појавување пред новинарите на крајот од самитот на НАТО.

Во писмото објавено на неговиот профил на социјалните мрежи, тој вели дека е најголема чест во неговиот живот да биде претседател.

Во последниве недели, Бајден се соочуваше со зголемени повици да се повлече поради загриженоста за неговата возраст, здравје и способност да ја води земјата.

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва