Бајден: Се надевам на прекин на огнот во Газа до Рамазан

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека се надева оти договорот за прекин на огнот меѓу Израел и милитантната група Хамас може да биде постигнат до светиот муслимански месец Рамазан, кој почнува на 10 март. Прашан дали очекува договор дотогаш, Бајден рече: „Се надевам дека е така. Сè уште многу работиме на тоа“, објави Би-Би-Си.

„Сè уште не сме го постигнале тоа“, им рече тој на новинарите додека ја напушташе Белата куќа во петокот. Изјавата на Бајден доаѓа во време на тензични разговори за прекин на огнот и кога се зголемува притисокот врз него да помогне во смирувањето на конфликтот. Предложениот договор предвидува 40-дневна пауза во сите воени операции од почетокот на Рамазан, како и зголемен проток на помош за Газа, изјави за новинската агенција Ројтерс извор близок до преговорите.

Тој, исто така, наводно ќе вклучува договор десет спрема еден за ослободување на палестинските затвореници во замена за израелски заложници. Муслиманскиот свет месец, во кој верниците постат од утро до зајдисонце, ќе започне на 10 или 11 март. Точниот почеток на Рамазан се одредува со првото гледање на полумесечината, така што може да варира од место до место.

Би можело да ве интересира

Израел: Убиени се повеќе од 500 терористички оперативци во Либан за девет месеци

(ВИДЕО) Бајден и се обрати на нацијата: Америка ќе треба да избере

ВИДЕО: Се смирија палестинските фракции, Хамас и Фатах потпишаа договор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Путин во боите на виножитото, Бајден во инвалидска количка, Трамп во затворски комбинезон – Вештачката интелигенција и светските лидери на модната писта

ВИДЕО: Израел нареди евакуација од хуманитарната зона

ВИДЕО: Демократите застануваат зад Камала Харис