Бајден: САД нема да дозволат Иран да се здобие со нуклеарно оружје

Од:

САД нема да дозволат Иран да се здобие со нуклеарно оружје, изјави американскиот претседател Џо Бајден пред разговорите со израелскиот претседател Ревен Ривлин во Белата куќа, пренесе Тасс.

-Иран никогаш нема да добие нуклеарно оружје под мое претседателство, кажа Бајден, додавајќи дека со Ривлин ќе разговара за ситуацијата околу Иран.

Тој додаде дека ги наредил воздушните напади врз цели на групите поддржани од Иран во Ирак и Сирија, за кои Вашингтон соопшти дека ги нападнале американските трупи.

Претседателот објасни дека се водел од чл. 2 од Уставот на САД, што на Врховниот командант му овозможува да прибегне кон воена акција во случај на самоодбрана.

-И јас ја имам таа моќ според член 2 од Уставот, па дури и оние во Конгресот кои не сакаат да го признаат тоа, признаа дека е така, рече Бајден.

Американскиот лидер, исто така, истакна дека неговите обврски кон Израел се „непроменети“ и дека тој е „цврсто посветен на самоодбраната“ на еврејската држава. Шефот на Белата куќа изрази поддршка за нормализирање на односите на Израел со земјите во Африка и на Блискиот исток.

Тој кажа дека „наскоро“ во Вашингтон ќе го прими новиот израелски премиер Нафтали Бенет.

Израелскиот претседател истакна дека Израел нема подобар сојузник од САД и дека демократските вредности ги врзуваат двете земји.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија