Бајден: САД не размислува за заеднички нуклеарни вежби со Јужна Кореја

Од:

Претседателот на САД Џо Бајден соопшти дека Вашингтон не води разговори за заеднички нуклеарни вежби со Јужна Кореја наспроти заканите на Северна Кореја.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол претходно во интервју за весникот „Чосун Илбо“ изјави дека Сеул и Вашингтон се вклучени во разговори за спроведување на заеднички вежби со употреба на нуклеарни средства за ефективно одвраќање, оценувајќи дека САД се доста позитивни во однос на идејата.

Меѓутоа, Бајден кусо и категорично ги отфрли тврдењата на јужнокорејскиот колега.

На прашање од новинар во Белата куќа дали во моментов „разговара за заеднички нуклеарни вежби со Јужна Кореја“, Бајден одговори: „Не“.

Тензиите на Корејскиот Полуостров повторно се зголемија откако Северна Кореја лансираше десетици проектили минатата година во серија тестирања на оружје, вклучително и интерконтинентални балистички ракети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа