Бајден: Резултатите од мојот систематски преглед се исти како и минатата година

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека резултатите од неговиот систематски преглед оваа година не се разликуваат од минатогодишните.

Откако се врати во Белата куќа од воената болница Волтер Рид во Мериленд, каде што беше прегледан, Бајден се пошегува дека лекарите мислеле дека „изгледа премногу млад“, според NBC News.

„Ништо не е поразлично од минатата година. Се е одлично“, рече Бајден.

Бајден (81) се подложи на годишни физички прегледи откако стана претседател на САД.

Критичарите на Бајден побараа поголема транспарентност од Белата куќа кога станува збор за неговото здравје, и физичко и ментално, по неодамнешниот извештај на специјалниот советник Роберт Хур во кој, меѓу другото, се вели дека американскиот претседател е „добронамерен постар човек со неуспешна меморија“.

Би можело да ве интересира

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев