Бајден: Путин погрешно ја процени неговата војна против Украина

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден смета дека рускиот претседател Владимир Путин погрешно ја проценил неговата војна против Украина.

-Мислам дека [Путин] е рационален играч кој погрешно пресметал, изјави Бајден во интервјуто дадено за телевизијата „Си-Ен-Ен“.

Тој смета дека иако верува дека Путин постапува рационално, неговите цели во Украина „не биле рационални.”

-Ако го преслушате говорот што тој го одржа откако беше донесена таа одлука [да ја нападне Украина], тој зборуваше за целата идеја – тој да биде рускиот лидер кој ќе ги обедини сите што зборуваат руски. Сметам дека тоа е нерационално, изјави Бајден.

„Сметам дека неговите цели не беа рационални…Мислам дека сметаше оти ќе биде пречекан со раширени раце, дека Киев е срцето на Мајка Русија, дека деќе биде пречекан со добредојде, односно мислам дека целосно погреши во проценките“, рече американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Бајден: Американците ќе бидат дел од првата фаза од ослободувањето на заложниците

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски