Бајден: Путин избра да води војна со умисла која ќе донесе катастрофални човечки загуби

Од:

Претседателот на САД Џо Бајден го осуди „неиспровоцираниот и неоправдан напад“ на Украина од страна на руските воени сили.

-Претседателот Путин избра да води војна со умисла која ќе донесе катастрофални човечки загуби и многу страдање. Русија е одговорна за смртта и уништувањето што ќе го донесе овој напад и САД и сојузниците и партнерите ќе одговорат обединето и одлучно, реча Бајден.

Светот ќе ја повика Русија на одговорност, истакна во објавеното соопштение.

Бајден најави дека денеска има договорено итна средба со лидерите од Г-7 и дека потоа ќе се обрати до американскиот народ „околу понатамошните последици што САД, сојузниците и партнерите ќе ги наметнат врз Русија за овој непотребен акт на аресија против Украина и против глобалниот мир и безбедност“.

-Исто така ќе се координираме со нашите сојузници од НАТО да осигураме силен и обединет одговор што ќе одврати агресија против алијансата.

Целиот свет вечерва се моли за народот на Украина, рече Бајден.

Би можело да ве интересира

Макрон го отфрли клучното руско барање за прекин на огнот во Црното Море

„Русија не планира да ги напушти окупираните територии во Украина“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зеленски: Путин наскоро ќе умре и се ќе биде готово

Катерина Ѓуровски

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

Новинарите мораа да го напуштат хотелот за време на американско-руските преговори

Претставникот на Трамп тврди дека Зеленски прифатил да се одржат претседателски избори