Бајден: Продолжуваме да градиме партнерства со земјите од АСЕАН

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден порача дека првиот самит во Вашингтон со лидерите на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) го означил почетокот на „новата ера“ во односите меѓу САД и организацијата на 10 азиски земји.

Бајден најави дека ќе го номинира Јоханес Абрахам за американски амбасадор во АСЕАН и дека Вашингтон ќе продолжи да го гради своето партнерство со овој регион.

Дводневниот самит со државите на АСЕАН, кој започна со вечера во Белата куќа во четвртокот, се одржува во пресрет на посетата на Бајден на Јужна Кореја и Јапонија од 20-24 мај, каде е планирана средба со лидерите на земјите од групата КВАД, во која покрај САД влегуваат и Австралија, Индија и Јапонија.

Ивор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија