Бајден: Проценката на вакцината се врши без политичко влијание

Од:

Новоизбраниот претседател Џо Бајден се обиде да внесе доверба во јавноста за вакцината против коронавирусот, која наскоро ќе биде достапна во САД, велејќи дека нејзината безбедност и ефикасност се проценуваат без политичко влијание, американските медиуми.

Бајден се огласи по обвинувањата дека администрацијата на сегашниот претседател Доналд Трамп врши притисок врз американската Агенција за храна и лекови (ФДА) итно да ја одобри вакцината.

Тој истакна дека проценката на вакцината на компаниите „Фајзер“ и „Бајонтек“ се прави „без политичко влијание“, пренесува Си-Ен-Ен.

– Сакам да и објаснам на јавноста: Треба да имате доверба во ова. Нема политичко влијание. Тоа се првокласни научници, кои одвојуваат време, кои ги разгледуваат сите елементи што треба да се земат предвид, изјави Бајден.

ФДА соопшти дека набрзо ќе работи на одобрување на итна употреба на вакцината.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел