ВИДЕО: Бајден положи заклетва, стапи на функцијата како 46-ти американски претседател

Од:

Со раката положена врз 127 години стара Библија што ја држеше неговата сопруга Џил, стоејќи пред претседателот на Врховниот суд на САД, новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска положи заклетва на церемонијата на инаугурација на скалите пред Капитол Хил, во Вашингтон, со што стана 46-от претседател на САД.

На церемонијата, прва заклетва даде новоизбраната потпретседателка Камала Харис, првата афроамериканка и првата жена потпретседател на САД во историјата на земјата.

Претходно, церемонијата на инаугурaција ја отвори сенаторката Ејми Клобучар која во инспиративниот говор наведе дека „ова е денот кога нашата демократија ќе се врати и кога Америка ќе се врати. Денес ја славиме првата потпретседателка Камала Харис. Денес се е можно”, рече сенаторката Клобучар, која го најави следниот говорник, како што кажа, нејзиниот драг колега сенаторот Рој Блант.

По двајцата сенатори, на говорницата застана и молитва прочита свештеникот Рој О’Донован, кој порача дека „денеска ги признаваме своите минати гревови и се обврзуваме да се грижиме едни за други, особено за оние на кои им е најтешко“.

Американската химна ја испеа Лејди Гага, инаку блиска пријателка на новиот претседател на САД.

Денешната церемонија следеше по хаотичниот изборен процес во земјата, која е сериозно поделена, по обвинувањата од досегашниот претседател Доналд Трамп за изборни измами, кои се покажаа како неосновани.

На церемонијата присуствуваат поранешните претседатели Џорџ Буш помладиот, Бил Клинтон и Барак Обама, со сопругите, досегашниот потпретседател Мајк Пенс, како и други високи претставници на политичкиот, економскиот и јавниот живот на САД.

Во својот прв говор како претседател на САД, Џо Бајден на Американците и на светот му порача дека денеска е ден на Америка, ден на демократијата, ден на историјата и надежта, ден на обновување.

-Америка е на висина на предизвикот. Денес го славиме триумфот на демократијата, рече Бајден.

„Волјата на народот е исполнета. Научивме дека демократијата е кревка, а денес демократијата преживеа”, кажа Бајден на скалите пред Капитолот, непосредно по неговата заклетва како 46-ти претседател на САД.

Тој призна дека многу луѓе тука во САД и во светот се повредени, под пресија, но сепак демократија надвладеала.

Тој потсети на насилството од пред само неколку дена во Капитолпот, кога демократијата беше нападната од невидливото подземје. Не заборави да му се заблагодари на досегашниот петпретседател Пенс за поддршката и за присуството на денешната инугурација.

Бајден кажа дека американската приказна „не зависи само од некои од нас, не само од само поединци, туку од сите нас, луѓето“.

Церемонијата досега вообичаено ја следеа стотици илјади луѓе во живо, но овој пат тоа им беше дозволено само на мал број избрани гости, пред се поради епидемиолошките мерки по епидемијата на коронавирусот, во која досега починаа повеќе од 400.000 Американци.

Претходно денеска, Трамп ја напушти Белата куќа и и се обрати на јавноста од воената база Ендрјус, изјавувајќи дека „ќе се врати во некаква форма на ангажман“.

Во својот прв твит денеска, пред инаугаријата, Бајден напиша „денеска е нов ден во Америка“,а по утринското доаѓање од неговата родна држава Делавер, беше на миса во католичка црква во Вашингтон.Во вториот твит непосредно потоа, Бајден и се обрати на својата сопруга Џил, пишувајќи дека „многу ја сака и дека и е многу благодарен што стои до него на ова патување“,

Инаку, Трамп денеска, пред да ја напушти Белата куќа, според традицијата, му остави порака на Бајден, но нејзината содржина не е објавена.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија