Бајден: Подготвени сме да го ставиме коронавирусот под контрола

Од:

Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден денеска на Твитер објави дека тој и новоизбраната потпретседателка Камала Харис не губат време и дека се подготвени да го стават коронавирусот под контрола.

– Камала Харис и јас не губиме време. Подготвени сме да го ставиме Ковид-19 под контрола за да можеме безбедно да ги отвориме повторно нашите деловни активности и училишта, да продолжиме со нашите животи и да ја оставиме зад себе оваа пандемија, истакна Бајден.

Тој вчера го објави составот на својот иден тим против Ковид-19.

Со 10.2 милиони заразени, што е околу една петтина од вкупниот број на случаи во светот, и 243.000 починати, САД е меѓу земјите кои се најмногу погодени од пандемијата.

Би можело да ве интересира

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Кина ја повика Америка на „еднакви консултации“ за царините