Бајден по пукотницата во Колорадо: Не смееме да толерираме омраза

Од:

„Омразата не може и не смее да биде толерирана“, истакна американскиот претседател, Џо Бајден, во изјавата дадена синоќа како реакција на пукотницата во ЛГБТ клуб во Колорадо во која загинаа најмалку пет лица.
„Не можеме и не смееме да толерираме омраза“, рече Бајден. „Во моментов нема јасен мотив за овој напад, но знаеме дека последниве години ЛГБТК+ заедницата беше цел на ужасно насилство исполнето со омраза“.

Тој потсети дека на неодамна усвоениот, според него „најзначајниот закон за безбедност на оружјето во речиси три децении“.

„Но мораме да направиме повеќе. Треба да донесеме забрана за јуришно оружје, за да го повлечеме од американските улици“, рече Бајден.

Пет лица загинаа, а 18 беа повредени во саботната пукотница во геј-клуб во Колорадо Спрингс, во американската сојузна држава Колорадо.

Осомничениот е во притвор, изјави за новинарите полициската службеничка, Памела Кастро.

„Клуб Кју“ е ноќен клуб за геј и лезби возрасни, со тематски вечерни забави како караоке и „дрег“ настапи и забави со ди-џеи.

Извро: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски