Американскиот претседател Џо Бајден објави видео на социјалните мрежи во кое разговара со двајца американски заложници ослободени од Хамас.
Judith and Natalie, I’m so glad you’re coming home. pic.twitter.com/c7az0PcYXn
— President Biden (@POTUS) October 21, 2023
„Едноставно сум воодушевен што успеавме да ве извлечеме. Работевме на ова долго време“, им рече Бајден на Џудит и Натали Раанан во телефонскиот повик од Овалната соба.
Натали му се заблагодари на Бајден за неговите „услуги за Израел“.