Бајден објави нови санкции против Русија

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден објави нови санкции против Русија и рече дека Г7 ќе воведе нови санкции за се поголем број руски олигарси и нивните семејства.

– Г7, исто така, го засилува притисокот врз корумпираните руски милијардери. Додаваме нови имиња на списокот на олигарси и нивните семејства, изјави Бајден во Белата куќа.

– Тие го поддржуваат Путин. Крадат од рускиот народ и се обидуваат да ги скријат своите пари во нашите земји. Тие се дел од таа клептократија што постои во Москва и мора да бидат дел во овие санкции, рече тој.

Бајден рече дека ќе биде забранет увозот на морска храна, вотка и дијаманти од Русија. Ќе се забрани и извоз на луксузни стоки во Русија.

Тој додаде дека САД ќе го отповика статусот на Русија на „трајни нормални трговски односи“. Тоа значи дека САД ќе воведат царини за широк спектар на руски стоки, рече Бајден.

– Ќе продолжиме да го притискаме Путин. Тој е агресор, тој мора да ја плати цената, истакна Бајден.

Тој исто така рече дека Русија „ќе плати висока цена“ доколку употреби хемиско оружје.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети