Бајден на самитот на НАТО лично ќе ги обновува односите со Европа

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден и другите лидери на НАТО планираат на самитот на НАТО во Белгија на 14 јуни да разговараат за тензичните односи со Русија и Кина, повлекувањето на војниците од Авганистан и иднината на 30-члениот воен сојуз.

Состанокот во седиштето на НАТО во Брисел ќе биде можност за Бајден лично да воспостави односи со лидерите од Европа и Канада, кои ескалираа за време на поранешниот претседател Доналд Трамп.

– Ова е единствена можност за зајакнување на НАТО како олицетворение на односите Европа-Северна Америка, нагласи генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Столтенберг додаде дека состанокот ќе се фокусира на „безбедносните предизвици денес и утре: агресивните активности на Русија, заканата од тероризам, кибернападите, новите и деструктивни технологии, влијанието на климата врз безбедноста и подемот на Кина“.

Состанокот ќе се одржи кога трупите на НАТО ќе го напуштаат Авганистан, досега најголемата и најпредизвикувачка операција на Алијансата. Тие треба да се повлечат најдоцна до 11 септември.

Сојузниците на НАТО ја активираа клаузулата за колективна одбрана на организацијата за прв и единствен пат по нападите на 11 септември врз Њујорк и Вашингтон во 2001 година за да се обединат во одбрана на САД.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа