Бајден на церемонија за пречек на посмртните останки на војниците загинати во Кабул

Од:

Претседателот Џо Бајден синоќа присуствуваше на церемонија по повод изнесувањето на посмртните останки на американските војници од авионот пристигнат во воената база Дoувeр од Авганистан, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Во екслозијата во минатонеделниот напад загинаа десетици Авганистанци, меѓу кои и 13 американски војници.

Претходно, претседателот и неговата сопруга Џил Бајден се сретнаа со семејствата на загинатите војниици.

Белата куќа ги објави имињата на сите загинати воени лица: армискиот водник Рајан Кнаус, водници на меринскиот корпус Дарин Гувер, Џоани Розариопичардо, Никол Џи, капларите маринци Деган Пејџ, Умберто Санчез, Дејвид Еспиноза, Џаред Шмитц, Дилан Мерола, Карим Никуи и санитарецот Макстон Совиак. Сите тие, покрај 31-годишниот Гувер, беа на возраст од 20 до 25 години.

Одговорност за нападот презеде „ИД-Хорасан“, огранок на „Исламска држава“ во Авганистан од провинцијата Хорасан. Нападот е најголемиот инцидент според бројот на жртви меѓу американските војници во последните десет години во Авганистан.

Експлозијата се случи кај влезот на аеродоромот во Кабул каде се насобра толпа од илјадници луѓе кои се обидуваа да ја напуштат земјата по враќањето на талибанците на власт на 15 август.

Бајден вети одмазда за одговорните за организација на нападот. Американски воени претставници во саботата изјавија дека убиле двајца милитанти на „ИД-Хорасан“, за време на напад со беспилотни летала.

Би можело да ве интересира

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски