Бајден ќе ја прифати номинацијата на Демократите преку интернет

Од:

Поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден поради коронавирусот нема да отпатува во Висконсин, каде ќе се одржи партиска конвенција за прифаќање на претседателската номинација на Демократската партија, а конвенцијата најверојатно ќе се одржи виртуелно, според партиски функционери.

Одлуката Бајден да не дојде во Милвоки, каде демократите планираа да одржат повеќедневна конвенција на која тој би ја прифатил претседателската номинација, веројатно значи дека настаните од 17-20 август ќе се одржат речиси целосно виртуелно.

Бајден ќе ја прифати номинацијата и ќе одржи говор од својот дом во државата Делавер, објави Демократската партија.

Републиканскиот претседател Доналд Трамп, од друга страна, вчера изјави дека „веројатно“ ќе одржи говор, по повод прифаќањето на претседателската номинација на републиканците, подоцна овој месец од Белата куќа.

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Бајден: Американците ќе бидат дел од првата фаза од ослободувањето на заложниците

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Зеленски: Зборував со Бајден за поддршката на САД за Украина

Бајден ја осуди одлуката на Мета да стави крај на програмата за проверка на факти