Бајден ќе го признае масакрот врз Ерменците од 1915 година за геноцид

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден во вчерашниот телефонски разговор му порачал на турскиот лидер Реџеп Тајип Ердоган дека има намера да ги признае масакрот од 1915 година и присилната депортација на Ерменците за геноцид, изјавија извори запознати со разговорот на двајцата лидери.

Британските медиум и пренесуваат дека потегот, што се очекува денеска да биде официјализиран, веројатно ќе ги влоши и онака тензичните односи меѓу формалните сојузници во рамките на НАТО.

Бајден најверојатно ќе го употреби зборот „геноцид“ како дел од денешната изјава, што го одбележува денот на сеќавање на жртвите на геноцидот врз Ерменците ширум светот.

Потегот би бил во голема мерка симболичен, но тоа би значело прекинување на децениската пракса на внимателно избирање и користење на термините што доаѓаат од Белата куќа, за да не се навреди Турција.

Според наводите од Белата куќа, Бајден и Ердоган се согласија да се состанат за време на самитот на НАТО во јуни.

Во вчерашниот телефонски разговор, Бајден го пренесе својот интерес за конструктивни билатерални односи со проширени области на соработка, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Ниту во изјавата на Белата куќа, ниту во изјавата на турското претседателство, не се споменува дека Бајден официјално ќе го признае масакрот врз Ерменците во Отоманската империја како геноцид.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД