Бајден ја повика Кина да им стави крај на отворените кражби со хакирање

Од:

Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска на отворањето на годишниот форум на двете најголеми светски економии, САД и Кина, го повика Пекинг да и стави крај на отворената кражба прекухакирање на Интернет.

– И САД и Кина би имале корист од отворен, безбеден и доверлив Интернет. Отворената кражба, која ја доживуваме мора да се смета за неприфатлива и мора да биде спречена, нагласи Бајден и повика на соработка со Кина.

Бајден изрази надеж дека Американско-кинескиот стратешки и економски дијалог, кој се одржува денеска и утре во Вашингтон ќе придонесе за зголемување на довербата меѓу САД и Кина.

– Нашиот однос претставува мешавина од натпреварување и соработка, а така ќе биде и во иднина, изјави американскиот потпретседател.

САД ја обвинуваат растечката азиска сила за спроведување на вистински кампањи на хакирање насочени против американските Влада и компании, при што во една најнова студија се наведува дека кражбата на трговски тајни американските компании ги чинат стотици милијарди долари годишно.

На тоа Пекинг одговара дека и тој е жртва на хакери, а тие тврдења добија на сила, откако пребегнатиот поранешен соработник на ЦИА и НСА Едвард Сноуден откри постоење на тајна американска програма за следење на електронските комуникации на најголемите Интернет страници.

САД и Кина во април формираа работна група за безбедност во секторот на информациска и комуникациска технологија, со цел да се забрзаат активностите за превенција на хакерски напади.

На чело на таа работна група, која во понеделникот во Стејт департментот го одржа првиот состанок, се наоѓа американскиот координатор за прашањето за кибер нападите Кристофер Пејнтер и високиот функционер во кинеското Министерство за надворешни работи Даи Бинг.

Би можело да ве интересира

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Мислела дека е чекан: Со рачна граната 20 години кршела ореви и ковала клинци

Предраг Петровиќ

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Нова трагедијата во Флорида: Девојче почина во вжештен автомобил

Кина: Поранешни министри исклучени од Комунистичката партија поради мито и корупција

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција